• Thursday, 06 March 2025

Пехчевското здружение „Амброзија“ ќе реализира проект за зачувување на старите сорти овошки

Пехчевското здружение „Амброзија“ ќе реализира проект за зачувување на старите сорти овошки

Пехчево, 5 март 2025 (МИА) - Здружението „Амброзија" од Пехчево почнува со реализација на проектот за зачувување на стари сорти овошки во прекуграничниот регион Малешево и Беласица кои спаѓаат во подрачја со богата биоразновидност на животинскиот и растителниот свет.

Јасминка Пашалиска Андоновска од Здружението „Амброзија“ информираше дека проектот ќе се реализира во соработка со здруженијата „Биоматера“ од Бугарија и Македонско еколошко друштво, со точно прецизирани активности кои ќе се спроведуваат во наредните 18 месеци.

-Прекуграничниот регион на Малешево и Беласица има огромни потенцијали од аспект на био-разновидност на растителен и животински свет. Овие подрачја се дел од европскиот зелен појас и дел од заштитените подрачја. Тоа е причина што во партнерство со Био-матера од Бугарија и Македонско еколошко друштво отпочнавме проект на зачувување на старите видови овошки во Малешево и Беласица. Од таа причина ќе направиме истражување кои се тие стари видови на овошки, понатаму ќе направиме нивна инвентаризација и начин на нивна конзервација, односно начин за нивна конзервација за да сепродолжи традицијата за негување, истакна Пашалиска Андоновска.

Паралелно со истражувачкиот дел во рамки на проектот предвидени се и активности за подигање на јавната свест помеѓу населението за значењето на овие овошки за биоразновидност.

-Посебен акцент ќе биде ставен на едукација на младите за економските придобивки од користењето на овие  овошки што и тоа како е значајно за овие региони, додаде претседателката на пехчевското здружение.

Проектот со финансиска подршка од ЕУ ќе се реализира преку Westbeld програмата. вс/фф/

Фото: МИА

You May Also Like