• Saturday, 13 December 2025

Потпишан договор за партнерство меѓу ICAC Скопје и Алијансата на Цивилизациите при ООН 

Потпишан договор за партнерство меѓу ICAC Скопје и Алијансата на Цивилизациите при ООН 

Скопје, 18 септември 2025 (МИА) - Меѓународниот Центар Алијанса на Цивилизации од Скопје (ICAC), вчера за време на 8 Конгрес на лидерите на светските и традиционалните религии во Астана, склучи нов партнерскиот договор со Обединетите нации – Алијанса на Цивилизации (UNAOC). Договорот беше потпишан од страна Мигел Анхел Моратинос, заменик-генерален секретар на ООН и висок претставник на UNAOC и Иван Иванов, претседател на управниот одбор на ICAC.

Како што соопштија од ICAC Скопје, продолжувањето на партнерството претставува потврда на заедничката посветеност за унапредување на мирот, толеранцијата и меѓукултурниот дијалог.

-ICAC и UNAOC ќе продолжат со заеднички активности во областа на борбата против ксенофобија и верска нетрпеливост, промовирањето на социјалната инклузија, споделување добри практики и имплементација на Планот на ОН за заштита на верските објекти, се наведува во соопштението.

Посебен акцент, како што посочуваат од ICAC Скопје, ќе биде ставен и на вклучување на младите како активни промотори на интеркултурно разбирање.

Со ова, ICAC најави дека обновениот договор е важен чекор кон создавање трајно и позитивно влијание во глобалните напори за изградба на поинклузивен и мирен свет. дма/

Фото: ICAC Скопје