• Monday, 13 January 2025

Поради излизгана машина за чистење снег во прекин сообраќајот на патот Гевгелија - Богданци

Поради излизгана машина за чистење снег во прекин сообраќајот на патот Гевгелија - Богданци

Скопје, 13 јануари 2024 (МИА) -  Сообраќајот на регионалниот пат 1102, Гевгелија-Богданци од 09:50 часот е во прекин во двата правца поради излизгана машина за чистење на снег, информираат од Автомото сојузот на Македонија.

Од АМСМ соопштија и дека од 08:00 часот сообраќајот е во целосен прекин на патниот правец Крушево - с.Пуста река, поради големи наноси на снег на коловозот. 

Претходно Министерството за транспорт и врски информираше дека дежурните екипи на ЈП Македонијапат и во текот на ноќта во континуитет биле на терен и вршеле расчистување на сите државни патишта со цел да ги оддржат проодни за сообраќај.
 
-Сообраќајот се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот. Службите на ЈП Македонијапат со целокупната механизација и работна сила продолжуваат со расчистување за нормално одвивање на сообраќајот на државните патишта, велат од Министеството.   
 
Апелираат до сите возачи да ги почитуваат законските одредби за одвивање на сообраќај во зимски услови и задолжително да поседуваат зимска опрема за возилата, внимателно да управуваат со возилата да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, како и да ги почитуваат препораките од сообраќајните служби. сст/са/

Фото: МИА архива