• Sunday, 06 October 2024

Повреден параглајдерист во Крушево, со полициски хеликоптер транспортиран во болница

Повреден параглајдерист во Крушево, со полициски хеликоптер транспортиран во болница

Скопје, 1 септември 2024 (МИА) - Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека денеска во 18:11 часот на единствениот број за итни случаи 112 е добиена пријава за тешко повреден германски државјанин, параглајдерист. 

Тој има отворена скршеница на едната нога и, како што наведува ЦУК, веројатна повреда на рбетот и се наоѓа на полетиштето за параглајдери пред Мечкин Камин во Крушево.

Поради сериозноста на повредите од екипата на итната медицинска помош и градоначалникот на Крушево е побаран итен хеликоптерски транспорт.

-Полицискиот Ми-171, во кој се наоѓам во моментот, итно го пренасочивме кон тешко повреденото лице и моментално сме во непосредна близина на Крушево, информира ЦУК.

Повредениот параглајдерист е транспортиран во Клиниката „Жан Митрев“ во Скопје. мд/мч/

Фото: ЦУК