• Saturday, 21 December 2024

Две дебарски каратистки дел од македонската репрезентација на Светското првенство во Венеција

Две дебарски каратистки дел од македонската репрезентација на Светското првенство во Венеција

Дебар, 6 октомври 2024 (МИА) - Две дебарски каратистки, како дел од македонската репрезентација, денеска отпатуваа за Венеција каде ќе се одржи Светското првенство.

- Тоа се каратистките Ера Коџа и Блина Горенца кои учество на Светското првенство обезбедија по освоените први места на плејоф натпреварите, што се одржаа во Кичево, на почетокот на минатиот месец.  Посакувам успех за сите членови на државната репрезентација, рече за МИА, Дурим Пачуку,  тренер на КК „Дибра" воедно и на македонската карате репрезентација.

Додаде дека Светското првенство во карате ќе се одржи од 9 до 13 овој месец во Венеција, Италија.

Исто така, тренерот Пачуку ќе се обиде да добие лиценца од светски рамки за акредитиран тренер.

- Ден пред заминувањето не посети градоначалникот Хекуран Дука. Ни посака среќен пат и успех на првенството. Рече дека гордост за Дебар е и самото учество на ова значајно натпреварување. Му благодариме за сестраната подршка, посочи Пачуку. вт/дма/


Фото: КК „Дибра"