• Thursday, 20 February 2025

Пелегрини: Макрон ја дели Европа по прашањето за мировните преговори за Украина

Пелегрини: Макрон ја дели Европа по прашањето за мировните преговори за Украина

Братислава, 19 февруари 2025 (МИА) - Иницијативите на францускиот претседател Емануел Макрон кои вклучуваат мировни преговори за Украина се спротивни на тоа на што Европа повика на конференцијата во Минхен, изјави денеска словачкиот претседател Петер Пелегрини.

„Европа, по острите изјави од САД, откако виде дека прво ќе се одржат мировни преговори меѓу САД и Русија, дури и без Украина, повика на единство и здружување на силите во потрагата по конкретна европска позиција за ова прашање“, рече Пелегрини.

Според него, „невообичаениот“ пристап на Макрон е токму спротивен на тој апел и ја „дели“ Европската унија. рп/

Фото: МИА архива