• Wednesday, 25 December 2024

Пакистан бомбардира засолништа на милитанти во Авганистан

Пакистан бомбардира засолништа на милитанти во Авганистан

Исламабад, 25 декември 2024 (МИА) - Пакистански беспилотни летала и борбени авиони ги нападнаа камповите на исламистичките милитанти во соседен Авганистан, убивајќи неколку борци кои наводно стојат зад смртоносните прекугранични напади во последниве недели, изјавија денеска извори.

Воздушните напади беа извршени вчера во провинцијата Пактика, која се граничи со Пакистан, изјавија тројца разузнавачи за ДПА.

Најмалку четири засолништа што ги користеа пакистанските талибанци за обука на милитанти, вклучително и бомбаши самоубијци, беа цел и демонтирани во нападите, рекоа властите.

Пакистанските талибанци се група исламистички милитанти кои наводно се сместени во Авганистан и стојат зад неколку смртоносни прекугранични напади во последниве години.

Групата беше потисната од пакистанската војска во серија офанзиви од 2014 година, но се обидуваше да го врати моментумот откако нивните колеги ја презедоа власта во Авганистан пред повеќе од три години.

Најмалку 25 милитанти се убиени во воздушните напади, соопштија пакистанските власти.

Портпаролот на авганистанското Министерство за одбрана ги потврди воздушните напади, но рече дека загинале жени и деца од пакистански бегалски семејства.

Тоа беше втор ваков напад на пакистанските сили во Авганистан од март минатата година. Тие најверојатно дополнително ќе ги заострат и онака непријателските односи меѓу соседите со историја на смртоносни судири во последните години. мс/

фото: МИА архива