Општина Илинден започна со реконструкција на улица „11“ во Кадино
- Општина Илинден продолжи со реконструкцијата на вториот дел од улицата „11“ во населеното место Кадино, проект кој значително ќе придонесе за подобрување на безбедноста и квалитетот на сообраќајната инфраструктура за жителите, информираат од локалната самоуправа.
Скопје, 6 март 2026 (МИА) - Општина Илинден продолжи со реконструкцијата на вториот дел од улицата „11“ во населеното место Кадино, проект кој значително ќе придонесе за подобрување на безбедноста и квалитетот на сообраќајната инфраструктура за жителите, информираат од локалната самоуправа.
Како што посочуваат, се работи за реконструкција на улица во должина од околу 500 метри и широчина од 5,5 метри. Проектот предвидува целосна обнова на коловозот, како и изградба на нов тротоар со широчина од 1,5 метри, што ќе овозможи побезбедно движење на пешаците.
-Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид во текот на градежните активности и истакна дека со оваа фаза се заокружува реконструкцијата на главната улица „11“ во Кадино. Со претходно обновениот дел, вкупната должина на улицата изнесува околу 720 метри. Тој нагласи дека средствата за реализација на овој значаен инфраструктурен зафат се целосно обезбедени од буџетот на Општината, соопшти Општина Илинден.вј/са/
Фото: Општина Илинден