СВР Велес денеска со превентивна активност во рамки на проектот „МВР и граѓаните“
Велес, 6 март 2026 (МИА) - СВР Велес по повод претстојниот празник - Денот на жената „8 Март“, денеска на две локации низ велешките главни улици реализираше превентивна активност во рамки на проектот „МВР и граѓаните“, а на припадничките на понежниот пол им беа подарувани каранфили во знак на почит.
Како што информираат од СВР Велес, во непосредна комуникација со граѓаните, полициските службеници им го честитаа празникот на припадничките на понежниот пол, упатувајќи им честитки и почит за нивната храброст и посветеност во семејството, работните места и општеството. 
Истовремено беше потенцирано дека полицијата останува посветена на нивната безбедност, достоинство и еднаквост, во заедничката намера за градење општество во кое секоја жена ќе се чувствува сигурно, почитувано и вреднувано, потенцираат од СВР Велес. ад/сст/
ФОТО МИА