• Tuesday, 01 April 2025
English
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Одрони кај делчевското с.Очипала создаваат проблеми во сообраќајот на патот Делчево - М.Каменица

Одрони кај делчевското с.Очипала создаваат проблеми во сообраќајот на патот Делчево - М.Каменица

Делчево, 28 март 2025 (МИА) - Одрони на делницата кај делчевското село Очипала создаваат проблеми на дел од магистралата А3 на патот  Делчево - Македонска Каменица. 

Од подружницата на ,,Македонија пат" имформираат дека дежурни екипи се на терен и работат на санирање на критичните точки. 

Поради влажниот терен и можноста од нови наноси апелираат на почитување на сообраќајната сигнализација и внимателно возење долж овој патен правец. вс/лв/


Фото: МИА