• Friday, 11 April 2025
English
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Водата во Скопје е безбедна за пиење

Водата во Скопје е безбедна за пиење

Скопје, 1 април 2025 (МИА) - Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажуваат податоците од направените анализи на 200 примероци од 45 мерни места.

-Секторот за санитарна контрола во периодот од 24-ти до 28 март зема 200 примероци за физичко-хемиска и 200 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје.

Јавното претпријатие, како што се наведуваат оттаму, со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, овие податоци ги објавува во неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. сст/ев/

Фото  ЈП „Водовод и канализација“ Скопје

 

 

 

 

You May Also Like