• Monday, 26 August 2024

Одземено украдено „порше“ на ГП „Свети Наум“

Одземено украдено „порше“ на ГП „Свети Наум“

Скопје, 24 август 2024 (МИА) - На Граничниот премин „Свети Наум“ синоќа е одземено патничко возило за кое при граничната проверка е утврдено дека било пријавено за украдено. 

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, на ГП „Свети Наум“ синоќа во 23 часот на влез во државава се пријавил Л.Х. (29) од Албанија кој дошол со патничко моторно возило „порше панамера“ со албански национални ознаки. По извршени гранични проверки, констатирано е дека возилото е пријавено за украдено во Норвешка и постои во базата во Интерпол.

-Возилото е одземено, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира МВР. лв/цр

фото: МИА архива