• Saturday, 22 June 2024

Обамејанг би можел да го напушти францускиот шампионат поради клуб од Саудиска Арабија

Обамејанг би можел да го напушти францускиот шампионат поради клуб од Саудиска Арабија

Париз, 22 јуни 2024 (МИА) – Фудбалерот на Марсеј, Пјер-Емерик Обамејанг би можел да стане играч на клуб од Саудиска Арабија, објави инсајдерот Бен Џејкобс.

Според Џејкобс, Ал Шабаб е заинтересиран за фудбалерот. Обамејанг е приоритетна цел на клубот пред почетокот на сезоната. Наскоро се очекува страните да разговараат.

Минатата сезона во францускиот шампионат, Обамејанг одигра 34 натпревари на кои постигна 16 гола и имаше осум асистенции. зс/

Фото: ЕПА