• Thursday, 20 February 2025

Нетанјаху го назначи Рон Дермер да ги води преговорите за втората фаза од примирјето со Хамас

Нетанјаху го назначи Рон Дермер да ги води преговорите за втората фаза од примирјето со Хамас

Тел Авив, 19 февруари 2025 (МИА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска го назначи Рон Дермер, неговиот најблизок советник, кој има блиски врски со американскиот претседател Доналд Трамп, да ги води преговорите за втората фаза од примирјето со Хамас, изјави неименуван израелски официјален претставник.

Официјалниот претставник рече дека Дермер ќе го предводи израелскиот тим.

Претходните разговори ги водеа шефовите на безбедносните агенции Мосад и Шин Бет. рп/

Фото: ЕПА