• Tuesday, 14 January 2025

Нема отсечени села во општините Липково и Старо Нагоричане

Нема отсечени села во општините Липково и Старо Нагоричане

Куманово, 13 јануари 2025 (МИА) - Тековно се одржуваат патните правци во општина Старо Нагоричане, нема посериозни проблеми од снежните врнежи во оваа општина, информираа денеска надлежните. За зимско одржување на улиците, Општината избра економски оператор и одвои околу 400.000 денари за оваа намена.

- Патот кон селата од планинскиот дел ги одржува „Македонија пат“. Исчистен е и патот кон село Арбанашко, изјави заменик-градоначалникот на општината, Бобан Цветановски.

И во општина Липово нема отсечени села. Исчистени се патните правци во сите делови од општината.

- Фрлена е сол, ангажирана е механизација, работни машини, состојбата е стабилна, информираа од кабинетот на градоначалникот.

Општина Липково за зимско одржување преку тендер избра компанија и одвои милион и 416 илјади денари. ам/мд/


Фото: МИА и општина Липково

You May Also Like