• Monday, 17 March 2025

На кулата Белград им се оддава почит на жртвите во пожарот во дискотека во Кочани

На кулата Белград им се оддава почит на жртвите во пожарот во дискотека во Кочани

Белград, 16 март 2025 (МИА) -  На Кулата Белград во српскиот главен град вечерва им е оддадена почит на жртвите од пожарот во дискотека во Кочани, јави МИА од Белград. 

На зградата е испишана пораката „Србија стои со Северна Македонија“.

На фасадата електронскис се менува знамето на Северна Макеоднија со црна позадина, по што се појавува фотографија од запалена свеќа.
Кулата Белград е облакодер од 42 ката висок 168 метри, како дел од проектот Белград на вода. зш/
фото Принтскрин