Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка
- На Попова Шапка има најмногу снег, 32 сантиметри, а таму беше измерена и најниска температура од -10 степени, додека во Маврово беа измерени -6, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Скопје, 18 февруари 2025 (МИА) - На Попова Шапка има најмногу снег, 32 сантиметри, а таму беше измерена и најниска температура од -10 степени, додека во Маврово беа измерени -6, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Минусни температури имаше и во Крушево, Крива Паланка, Берово, Виница, Тетово, Прилеп, Штип, Скопје-Зајчев Рид, Битола и во Велес, а нула степени беа измерени во Скопје-Петровец, Охрид, Кавадарци, Демир Капија и Струмица. Највисока температура имаше во Гевгелија, каде утрово беа измерени 3 степени.
Покрај Попова Шапка, снег во земјава има и во Маврово – 8 сантиметри, 3 во Скопје-Петровец, 2 во Виница и 1 сантиметар во Крива Паланка.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне ќе има локална појава на слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а кон крајот на денот и во текот на ноќта наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7 степени.
Во Скопје променливо облачно, преку денот со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а кон крајот на денот и во текот на ноќта во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 5 степени. дма/аа/
Фото:МИА архива