Најмалку 15 луѓе загинаа при израелски воздушен напад во Џабалија
- Најмалку 15 луѓе загинаа, меѓу кои и пет деца во израелскиот воздушен напад врз училиште во Џабалија, централен дел на Појасот Газа
Газа, 17 октомври 2024 (МИА) – Најмалку 15 луѓе загинаа, меѓу кои и пет деца во израелскиот воздушен напад врз училиште во Џабалија, централен дел на Појасот Газа.
- Голем број жени и деца се во критична состојба, истакна претставникот на палестинското Министерство за здравство, Фарес Абу Хамза.
Израелската армија тврди дека мета на нападот биле десетина припадници на Хамас и на Исламски џихад, кои наводно се криеле во училиштето. ми/
фото: ДПА