• Monday, 06 January 2025

Најмалку едно лице го загуби животот, а 35 се ранети во експлозија на бомба во Пакистан

Најмалку едно лице го загуби животот, а 35 се ранети во експлозија на бомба во Пакистан

Исламабад, 4 јануари 2025 (МИА) - Најмалку едно лице го загуби животот денеска, а 35 се ранети во експлозија на импровизирана бомба во градот Турбат во југозападен Пакистан, соопшти локалната полиција.

Полицискиот претставник Рошан Балох изјави дека осуммина од ранетите се во критична состојба, а останатите се во стабилна состојба, додека повеќето од жртвите се војници.

„Направата била во автомобил паркиран покрај патот и е активирана од далечина“, додаде Балох. рп/

Фото: МИА архива