• Thursday, 06 March 2025

Утрото ведро и постудено, преку денот сончево и релативно топло

Утрото ведро и постудено, преку денот сончево и релативно топло

Скопје, 5 март 2025 (МИА) - Времето денеска - утрото ведро и постудено, преку денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од - 5 до 3, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.

Во Скопје, наутро студено, а преку денот релативно топло со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 18 степени.

УХМР соопшто дека во наредните денови че продолжи периодот на претежно сончево и релативно топло време со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст и значително повисоки на крајот од работната недела кога наместа ќе надминуваат 20 степени. цр/ев/

Фото: МИА архива