• Tuesday, 12 November 2024

Трет „Слоу Фуд салон“, околу 70 изложувачи од цела држава

Трет „Слоу Фуд салон“, околу 70 изложувачи од цела држава

Скопје, 9 ноември 2024 (МИА) - „Ние сме заедница“ е мотото на третиот „Слоу Фуд салон“, кој денеска ќе се одржува во Скопје. Поддржувачи се шведската организација „We Effect“ и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. 

Како што е најавено, ќе има околу 70 изложувачи од цела држава, а ќе бидат застапени традиционални производи: домашен ајвар, лутенка, пинџур, мед, џем, разни видови сирења и кашкавал, сувомеснато чадено на дрва, слатко од смокви, домашни јуфки, производи од тартуфи, домашни сокови, сушено овошје, галички чај....

Посетителите ќе имаат можност да пробуваат вина од мали семејни винарии, дестилерии и занаетчиски ракии.

„Слоу Фуд салон“ ќе се одвива од 12 до 20 часот и во тој временски период ќе има мастер класови и работилници за вкус, конференции посветени на малите производители и на едукација, семинари, катчиња и едукација за деца...  Ќе учествуваат готвачи, експерти, волонтери и едукатори. мд/са/

Фото:  „Слоу Фуд салон“