• Saturday, 22 February 2025

Вработените во Филхармонија на протест пред Министерството за култура

Вработените во Филхармонија на протест пред Министерството за култура

Скопје, 21 февруари 2025 (МИА) - Вработените во Македонската филхармонија денеска ќе одржат протест пред Министерството за култура. Како што најавија од Синдикатот на Македонска филхармонија, протестот е јавен апел до ресорното Министерство да ги почитува законските одредби при избор на директор на конкурсот кој заврши минатата недела.

-Во тек е изборот за директор, сакаме да укажеме дека доколку не се избере најдобриот кандидат кој ги исполнува сите услови од конкурсот ќе продолжиме со протести. Нема да дозволиме нашата институција да биде жртва на бесрамни политички договори, велат вработените во Филхармонија.бт/са/

Фото: МИА Архива