• Wednesday, 08 January 2025

Началникот на царината на Украина под истрага бидејќи не пријавил куќа во вредност од над 100.000 долари

Началникот на царината на Украина под истрага бидејќи не пријавил куќа во вредност од над 100.000 долари

Киев, 7 јануари 2025 (МИА) - Украинските власти го испитуваат директорот на Царинската служба, Серхи Звјагинцев поради сомневање дека не пријавил куќа во близина на Киев, чија вредност се проценува на повеќе од 100.000 долари, соопшти денеска Националното биро за борба против корупцијата.

Истражителите веруваат дека Звјагинцев и неговото семејство се сопственици на куќа од 236 квадратни метри, како и на имот во предградието на Киев, кој е регистриран на неговиот свекор, пренесува „Киев Индипендент“.

Системот на задолжително пријавување на имотот беше воведен како дел од борбата против корупцијата во периодот од 2013 до 2014 година, но беше суспендиран по почетокот на војната во Украина. рп/

Фото: ЕПА