• Thursday, 09 January 2025

Мартинез-Ача: Суверенитетот над Панамскиот канал не е предмет на преговори

Мартинез-Ача: Суверенитетот над Панамскиот канал не е предмет на преговори

Панама Сити, 8 јануари 2025 ( МИА) –Шефот на панамската дипломатија, Хавиер Мартинез-Ача, остро одговори на изјавите на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за контролата врз Панамскиот канал, нагласувајќи дека „суверенитет над каналот не е прашање на преговори“.

Нагласувајќи ја важноста на каналот во историјата на Панама тој тоа го нарече „неповратно освојување“ и нагласи дека Панамскиот канал е исклучиво под контрола на Панама.

-Така и ќе остане, рече тој, објави „Њујорк Тајмс“.

Панамскиот министер за надворешни работи истакна дека примарна мисија на каналот е да и служи на глобалната трговија, исто така, додавајќи дека владата на претседателот Хозе Раул Мулин немала формални или неформални контакти со Трамп или со други претставници на претстојната американска администрација.

Мартинез-Ача истакна дека комуникациите меѓу САД и Панама ќе се спроведуваат преку стандардни официјални канали откако Трамп ќе ја преземе функцијата на 20 јануари.

Тој повтори дека Панама останува отворена за дијалог, инвестиции и позитивни односи, но дека националните интереси на земјата секогаш се на прво место.сд/

фото:МИА архива