Над 100 загинати во судири меѓу сириските Курди и протурските групи
- Во сè пожестоките судири меѓу курдските сили и протурските групи на северот од Сирија во последните два дена загинаа над 100 лица, пренесува ДПА, повикувајќи се на податоци од невладина мониторинг организација.
- Post By Сања Костовска
- 15:39, 5 January, 2025
Лондон, 5 јануари 2025 (МИА) - Во сè пожестоките судири меѓу курдските сили и протурските групи на северот од Сирија во последните два дена загинаа над 100 лица, пренесува ДПА, повикувајќи се на податоци од невладина мониторинг организација.
Сирискиот центар за набљудување на човековите права соопшти дека во борбите загинале 85 припадници на протурските фракции и 16 борци на Сириските демократски сили (СДФ), предводени од Курдите.
Во изминатите два дена, во близина на градот Манбиџ, Турција ги интензивира воздушните и копнените напади, вклучително и со употреба на беспилотни летала, со цел да воспостави контрола врз стратешката брана „Тишрин“. Според мониторинг центарот со седиште во Велика Британија, турската армија го гранатира регионот околу браната, која е клучна за водоснабдувањето и снабдувањето со електрична енергија.
Турција ги смета Сириските демократски сили за огранок на забранетата Курдска работничка партија (ПКК) и ги прогласи за терористичка организација. ссм/
фото: ЕПА