• Wednesday, 26 June 2024

Навивачите на Англија фрлаа чаши кон Саутгејт: Го разбирам тоа

Навивачите на Англија фрлаа чаши кон Саутгејт: Го разбирам тоа

Келн, 26 јуни 2024 (МИА) - Селекторот на Англија, Герет Саутгејт го коментираше однесувањето на англиските навивачи на натпреварот со Словенија (0:0) на Евро 2024 година.

Навивачите на Англија по натпреварот свиреа и фрлаа пластични чаши кон тренерот.

-Јас го разбирам тоа. Сепак, нивните постапки нема да ме оддалечат. Најважно е да останеме тим. Го разбирам чувството против мене. Се создава необична атмосфера околу тимот, изјави Саутгејт за „Дејли мејл“.

Селекцијата на Англија со пет бода го освои првото место во Ц-групата. зс/

Фото: ЕПА