Мицкоски: Во 2024. издадени само 12 лиценци за кабареа
- -Вие сега можете да претпоставите колку клубови работат во државата, само 12 поседуваат лиценци и тоа од тие не знаеме кои се сеуште валидни, бидејќи на некои претпоставувам рокот им е изминат, бидејќи тие се со важност од една година, така што не очекува многу работа. Очигледно дека некои не си ја вршел работата и сега се обидува под наводно некаква политизација да ја затскрие криминалната работа што ја работел додека раководел со таа институција. Нема да има милост, тоа вчера го кажав и денеска ќе го повторам, кој сака нека биде. Кој сака нека биде, од која и е да е етничка припадност и од која сака политичка партија нека биде, тоа што се случувало е повеќе од криминал. Ова би рекол е масовно убиство, кое што некој го дозволувал за пари за мито за корупција да се случи, нагласи Мицкоски.
- Post By Ана Цветковска
- 14:16, 17 March, 2025

You need to login to view this page en