• Friday, 04 October 2024

Мисајловски се сретна со германскиот пратеник Бејер

Мисајловски се сретна со германскиот пратеник Бејер

Скопје, 3 октомври 2024 (МИА) - Долгогодишната билатерална соработка меѓу двете земји и иницијативите за продлабочување на соработката во повеќе области, беа тема на разговор на денешната средба во Министерството за одбрана (МО) меѓу министерот Владо Мисајловски  и германскиот пратеник во Бундестагот, Питер Бејер.

Мисајловски, како што информираат од МО, изрази благодарност на Германија за досегашната силна поддршка во евроинтегративните процеси и истакна дека интеграцијата на нашата земја во Европската Унија е највисок државен приоритет. вј/ев/

Фото: МО