• Sunday, 16 March 2025

Министерството за одбрана и војската на Србија испратија итна помош за повредените во Кочани

Министерството за одбрана и војската на Србија испратија итна помош за повредените во Кочани

Белград, 16 март 2025 (МИА) - По наредба на српскиот претседателАлександар Вучиќ, Министерството за одбрана и Армијата на Србија итно испратија 14 лекари и медицински персонал и пет возила на брза помош за да им укажат помош на повредените во синоќешната несреќа во Кочани, јави МИА од Белград.

Некои од повредените граѓани на Северна Македонија ќе бидат згрижени во Воената болница во Ниш, а оние чија состојба бара посериозно лекување ќе бидат пренесени во Воената медицинска академија во Белград.

На властите од Скопје им е понудена и дополнителна медицинска и логистичка помош во врска со нивната грижа, соопшти Министерството за одбрана. зш/