• Friday, 04 October 2024

Министерот Муртезани ја потпиша Спогодбата за финансирање на ИПА 2024 Годишната акциска програма

Министерот Муртезани ја потпиша Спогодбата за финансирање на ИПА 2024 Годишната акциска програма

Скопје, 2 октомври 2024 (МИА) - Министерот за европски прашања и национален ИПА координатор Орхан Муртезани, утрово ја потпиша Спогодбата за финансирање на ИПА 2024 Годишната акциска програма помеѓу Европската комисија и Владата на Република Северна Македонија.

Оваа програма е во вкупен износ од 61.795.000 евра, од кои за ЕУ кофинансирање се предвидени 58.600.000 евра, за Национално кофинансирање 2.895.000 евра, за трета страна - корисници на грантова шемад 300.000 евра, за поддршка на секторите: здравство, социјала, правда, внатрешни работи, конкурентност и иновации, енергетика, земјоделство, локален и регионален развој, соопшти Министерството за европски прашања.

Овие финансиски средства, распределени во три години, (почнувајќи од 2025), ќе бидат наменети за успешна имплементација на проекти кои се од суштинско значење за европската интеграција на земјата и зајакнување на институционалните капацитети.са/

Фото: Министерство за европски прашања