• Monday, 09 March 2026
МИА Најави свет

9 март 2026

ЊУЈОРК - Комисијата на ОН за статусот на жените се состанува под слоганот „Права. Правда. Акција. За сите жени и девојки“.

СТРАЗБУР - Започнува пленарната сесија на Европскиот парламент, која ќе трае до 12 март.

БРИСЕЛ - Започнува годишната конференција на амбасадорите на ЕУ од повеќе од 145 делегации на ЕУ низ целиот свет, шефови на воени и цивилни мисии и операции на ЕУ, специјални претставници на ЕУ, специјални пратеници и шефови на претставништва на Европската комисија во сите 27 земји-членки на ЕУ. Фокусот ќе биде на зајакнување на улогата на ЕУ. Собирот ќе трае до 13 март.

ИСТАНБУЛ - Започнува судењето на лидерот на турската опозиција и градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, за наводно перење пари.