МИА Најави - Свет
- 17 ноември 2024
17 ноември 2024
Рио де Жанеиро - Кинескиот претседател Си Џинпинг до 21 ноември е во посета на Бразил, каде што ќе учествува на самитот на Г-20.
Берлин - Руската опозиција повика на митинг против рускиот претседател Владимир Путин.
Прага - Чешка го одбележува Денот на борбата за слобода и демократија, на 35-годишнината од задушувањето на студентските демонстрации на 17 ноември 1989 година во центарот на Прага, со кои започнаа настаните кои подоцна беа наречени Кадифена револуција.
Ватикан - Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, ќе одржи миса по повод Светскиот ден на сиромаштијата.
Дакар - Парламентарни избори во Сенегал.
Манаус, Бразил - Американскиот претседател Џозеф Бајден е во посета на бразилскиот град Манаус пред самитот на Г-20.