Во близина на резиденцијата на премиерот на Израел паднале две ракети
- Две ракети синоќа паднаа во близина на приватната резиденција на премиерот Бенјамин Нетанјаху во градот Цезареја, во центарот на Израел, соопштија безбедносните служби и го опишаа како „ сериозен случај“.
Ерусалим, 16 ноември 2024 (МИА) - Две ракети синоќа паднаа во близина на приватната резиденција на премиерот Бенјамин Нетанјаху во градот Цезареја, во центарот на Израел, соопштија безбедносните служби и го опишаа како „ сериозен случај“.
-Околу 19:30 часот (по локално време), две ракети паднаа во дворот пред премиерската резиденција, се вели во заедничкото соопштение на полицијата и израелската разузнавачка служба Шин Бет.
„Премиерот и неговото семејство не беа во куќата“, додаваат службите, оценувајќи дека станува збор за „опасна ескалација“.
Не е прецизирано од каде биле истрелани ракетите.
На 22 октомври, беспилотно летало ја погоди резиденцијата на Нетанјаху. И тогаш премиерот на Израел не беше во својот дом, но го обвини движењето Хезболах, против кое војува во Либан, дека се обидуваат да го убијат него и неговата сопруга. Три дена подоцна Хезболах објави дека тој го извршил нападот. мс/
фото: МИА архива