• Saturday, 04 April 2026
МИА Најави МКД

4 април 2026

Скопје - Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски ќе изврши увид на градежни активности во изградба на новата училишна зграда со поврзување на постоечкото ООУ „Гоце Делчев“ во Општина Илинден. (10:45, предвидена е изјава за медиумите)

Битола - Трибина во рамките на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“ во организација на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. (Општина Битола, Центар за култура /18:00)

Скопје - Прес-конференција на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија и Фондот за здравствено осигурување. (Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија/11:30)

Скопје - Одбележување на Лазарева Сабота преку традиционална лазарева поворка. (Двор на храмот „Св. Димитриј“, по улица Македонија, до храмот „Свв. цар Константин и царица Елена“/12:00)

Скопје - Промоција на книгата и видео есејот „Наследство (или сè што оставаме позади нас)“ на Ивана Сиџимовска. (КСП Центар Јадро/19:30)

Скопје - Инклузивен концерт и изложба „Физика на радоста“ на кој ќе настапуваат лица со интелектуална попреченост од ЦПЛИП Порака Скопје. (Центар за култура Ѓорче Петров, Театар Пи /19:00)

Скопје - Изведба на детската интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“. (Национална опера и балет/11:00)

Битола - Bitola Whisky Fest. (Офицерски дом)

Скопје - Меѓународен таеквондо турнир „Скопје Опен – Рамус Г1“. (Спортска сала „Борис Трајковски“/12:00)

_________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***