Заматена водата за пиење во Кавадарци и Неготино поради дождовите, потребно е да се преврива
- Заматена е водата за пиење во Кавадарци и Неготино поради дождови, потребно е да се преврива, соопштија од јавните комунални претпријатија од двете општини.
Кавадарци, 3 април 2026 (МИА) - Заматена е водата за пиење во Кавадарци и Неготино поради дождовите, потребно е да се преврива - соопштија од јавните комунални претпријатија од двете општини.
- Поради обилните дождови на изворите Лукар, известуваме дека водата во градскиот водовод е заматена и пред пиење потребно е да се преврива. ЈП „Комуналец“ - Кавадарци ја следи состојбата и дополнително ќе извести кога повторно ќе се нормализира - информираа од јавното претпријатие.
Известување за превривање на водата за пиење испратија и од неготински „Комуналец“. свд/са/
Фото: МИА архива