• Wednesday, 17 July 2024
МИА Најави МКД

9 јули 2024 

Вашингтон – Владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски ќе учествува на Самитот на НАТО со кој ќе бидат одбележани 75 години од формирањето на Алијансата. 

Вашингтон - Претседателот на Собранието, Африм Гаши ќе се обрати на Парламентарниот самит на НАТО што се одржува во рамки на Самитот на Алијансата по повод 75 години од нејзиното формирање. 

Скопје - Прес-конференција на Конфедерацијата на синдикални организации (КСОМ). (пред Управна зграда на ЈСП во Автокоманда/10:30)

Скопје – Прес-конференција на организаторот на манифестацијата „Галичка свадба 2024“ на која официјално ќе биде објавена програмата на годинашното издание на „Галичка свадба“ и ќе бидат претставени младенците. (Пивара Скопје/ 10:30, медиумските екипи да пристигнат од 10:15 до 10:25)

Скопје – Во рамки на јубилејното 45. издание на манифестацијата „Скопско лето“, ќе се одржи претстава за деца „Разгалениот принц“ во продукција на Театар ХИТ – Скопје. (Куршумли ан/ 19:00)

Скопје – Отворање на самостојната изложба  на Мeлихат Тузун (од Турција)  „BROCKEN TIMES“. (Галерија КО-РА, Голем салон/ 20:00)

Скопје - Потпишување на договор меѓу Новоматик Македонија и Фудбалскиот клуб „Вардар“ со којшто компанијата станува генерален спонзор на фудбалскиот клуб. (простории на Новоматик Македонија,а улица 16 Македонска бригада број 25/12:00)

__________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***