МИА Најави МКД
- 15 февруари 2026
15 февруари 2026
Охрид - Државниот секретар во Министерството за образование и наука Елена Ивановска ќе се обрати на Камп за сајбер безбедност за средношколки како дел од проектот CybHER – Зајакнување на жените и девојките во сајбер безбедноста, што го спроведува Британскиот совет во државите од Западен Балкан. (хотел Белведере/10:30)
Скопје - Прес-конференција на градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, (Улица „Методија Митевски“, спроти ОУ„Исмаил Ќемали“, Топанско Поле/13:00) https://maps.app.goo.gl/K3ezPbqk5mCeMBwL9?g_st=iw
Неготино - Треил трка за вино и љубов во рамки на програмата на Општина Неготино за одбележување на заштитникот на лозарите Св.Трифун (село Долни Дисан/10:30)
Скопје - Креативни работилници за деца посветени на традиционалниот обичај Мартинки. Работилниците се организирани во два термина: од 11 часот за деца на возраст од 3 до 6 години и од 13 часот за деца над 6 години. (простори на „Катче за приказни“ во центарот на Скопје, ул. „Борка Талески“ бр. 21а)
Скопје - Две филмски проекции на „Приказна за Сиљан“ во Кинотека (18:00 и 20:00)
__________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***