МИА Најави МКД (ДПЛ)
- 3 февруари 2025
Скопје – Вршителот на работата во амбасадата на Полска, Мариуш Бримора во посета на Собранието и на средба со претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче (Собрание, Струшка сала/12:00)
Скопје - Прес-конференција на министерот за правда Игор Филков. (Министерство за правда/13:00)
Скопје - Прес-конференција на министерот за култура и туризам Зоран Љутков на која ќе ги соопшти резултатите од Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2025 година. (Медија центар на Влада/11:00)
Гостивар - Министерот за локална самоуправа Златко Перински ќе го отвори Третиот консултативен настан за измените и дополнувањата на Законот за локална самоуправа. (Младински ресурсен центар/10:00)
Скопје - Сесија на Работната група 3 – Правосудство и основни права (Поглавје 23) во организација на Европското движење на тема „Патеки до интегритет и независност на правосудството: клучен предизвик во реформите за владеење на правото и борбата против корупцијата“. (х. Панорамика/9:30 до 14:00)
Скопје - Коалицијата ВЛЕН ќе одржи прес-конференција. (простории на Алтернатива, Т.Ц. Мавровка/13:00)
Крива Паланка - Работилница за родители против врсничко насилство во организација на „Макпетрол“. (ОУ Св. Јоаким Крчовски/18:00)
______________________________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***
Фото: МИА архива