Меѓународните летови на аеродромот во Дамаск повторно oбновени
- Главниот аеродром во сириската престолнина Дамаск денеска целосно ја обнови својата активност, откако таа беше прекината со соборувањето на долгогодишниот претседател Башар ал Асад на почетокот од минатиот месец, пренесува ДПА.
Дамаск, 7 јануари 2025 (МИА) - Главниот аеродром во сириската престолнина Дамаск денеска целосно ја обнови својата активност, откако таа беше прекината со соборувањето на долгогодишниот претседател Башар ал Асад на почетокот од минатиот месец, пренесува ДПА.
Саад Хаир Бек, службеник на аеродромот, изјави дека утрово од аеродромот полетале два авиони за Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), а првиот лет од Катар се очекува да слета напладне.
Авиокомпанијата „Катар Ервејс“ најави враќање на летовите за сириската престолнина по речиси 13 години, со три неделни летови, започнувајќи од денеска.
Државната сириска новинска агенција претходно соопшти дека аеродромот од денеска повторно ќе прима меѓународни летови, откако минатата недела беа завршени работите околу неговата обнова. Аеродромот беше оштетен и ограбен по падот на режимот на Асад.
Домашните летови на аеродромот во Дамаск беа обновени на 18 декември, десет дена откако беше соборен на 8 декември Ал Асад, кој владееше со Сирија повеќе од две децении, и ја напушти земјата додека бунтовниците напредуваа кон сириската престолнина. рп/
Фото: ЕПА