• Sunday, 22 December 2024

МВР: Претреси во Битола и Прилеп, пронајдени околу 5000 парчиња пиротехника

МВР: Претреси во Битола и Прилеп, пронајдени околу 5000 парчиња пиротехника

Скопје, 21 декември 2024 (МИА) - Полициски службеници од СВР Битола, денеска, со судска наредба, извршиле претрес во Битола во дом на малолетно лице од Битола, при што биле пронајдени 3000 парчиња пиротехника, информираат од МВР.

Од МВР, информираат дека исто така, полициски службеници од ОВР Прилеп при СВР Битола во Прилеп  денеска ги лишиле од слобода А.О.(26) од Прилеп и Ф.И.(36) од Прилеп  бидејќи кај нив биле пронајдени околу 2000 парчиња пиротехника.

По документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави. аа/

Фото: МИА архива