• Sunday, 22 December 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 21 декември 2024 (МИА) - Вчера во 20.30 часот полициски службеници од СВР Битола на ул.„Коста Абрашевиќ" во Битола го лишиле од слобода Л.Г.(18) од Битола, бидејќи при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Полициски службеници од СВР Битола вчера во 19:55 часот во с.Долно Оризари, битолско, го лишиле од слобода Д.Б. (44) од с.Долно Оризари бидејќи при преглед кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

Вчера во 16.25 часот полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес, го лишиле од слобода А.К.(37) од Велес. При извршениот претрес во неговиот дом, со издадена наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени 2737 разни видови на пиротехнички средства. По комплетирање на целокупната документација, во координација со јавен обвинител против А.К. ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“ казниво по чл. 396 од КЗ.

На градскиот плоштад во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци вчера во 10:55 часот го лишиле од слобода Н.Б.(48) од Кавадарци, затоа што при извршениот преглед кај него и во неговото патничко возило биле пронајдени и одземени разни видови на пиротехнички средства. Потоа, по издадена судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, како и во објект на градскиот плоштад кој го користел,  каде исто така биле пронајдени и одземени разни видови на пиротехнички средства. Вкупно биле одземени околу 9100 разни видови на пиротехнички средства.  По комплетирање на целокупната документација, во координација со јавен обвинител, против Н.Б. ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“ казниво по чл. 396 од КЗ.

Вчера во 13.30 часот во СВР Скопје, З.М.(57) пријавил дека околу 13.00 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, бил физички нападнат од А.З.(26),  двајцата од Скопје, а исто така и со остар предмет му упатувал закани. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска во 01.20 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба полициски службеници од СВР Скопје го привеле Ј.Ј.(29) од Скопје, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеник кој вршел службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 11.20 часот во СВР Скопје, С.Б.(53) од Скопје пријавил дека на подрачјето на општина Аеродром, бил физички нападнат од едно лице, кое му одзело пари и мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во СВР Скопје вчера околу 14.00 часот било пријавено дека во фирма на подрачјето на Ѓорче Петров, починал С.С.(61) од Скопје. Од страна на лекар констатирана била смрт. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено во Судска медицина за обдукција.

Денеска во 03.40 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во с.Нова Брезница, скопско настанал пожар во плевна сопственост на С.М.(82) од Скопје. Од екипа на Бригадата за противпожарна единица пожарот бил изгаснат, а сопственикот при гасење на пожарот се здобил со повреда во пределот на раката, по што бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, за укажување на лекарска помош.

Во СВР Скопје, вчера во 13:00 часот 81-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена за сума од 1.709.090 денари. Според пријавеното, на 18.12.2024 околу 08.45 часот, едно лице ја контактирало телефонски и ѝ кажало дека нејзината ќерка наводно предизвикала сообраќајна несреќа со смртни последици и за да не одговара пред законот требало да плати одреден износ на пари. Откако ги дала парите, жената сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.Х.(25) од Република Хрватска поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 15.12.2024 во Тетово, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „сеат леон“, управувано од пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана, а при легитимирање било констатирано дека тој во државата престојувал без пријавен престој. Од судија на претходна постапка при Основен суд Тетово, на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од осум дена.

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против Р.Џ.(43) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 15.12.2024 на наплатна станица Гевгелија, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „форд“, управувано од пријавениот, при што биле пронајдени бела прашкаста материја и кафеава прашкаста материја.

ОВР Кратово поднесе кривична пријава против В.П. (18) од Кратово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење на работи на безбедноста“. На 30.11.2024 на ул.„Св.Ѓорѓи Кратовски“ во Кратово, пријавениот физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

Вчера во 16.00 часот во СВР Скопје, 29-годишна жена од Скопје пријавила дека на 19.12.2024 околу 12.30 часот во близина на основно училиште на подрачјето на Бит Пазар, малолетничка која и била доделена на згрижување, била допирана по телото од неколку малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во Полициската станица Карпош вчера во 15:00 часот од Јавна установа за згрижување деца било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник Р.М.(17) кој и претходно се оддалечувал и бил враќан. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Вчера во 16.10 часот во СВР Струмица-ОВР Радовиш бил лишен од слобода Б.И.(39) од село Дедино, поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ по член 383 од Кривичниот законик. На 20.12.2024 во 15.30 часот во Полициската станица Радовиш од страна на О.Г.(43), началник на ОВР Радовиш било пријавено дека околу 14.00 часот во службени простории на ОВР Радовиш Б.И.(39) инспектор во ОВР Радовиш агресивно се однесувал кон пријавителот, кој извршувал службени задачи, а во еден момент и физички го нападнал, нанесувајќи му телесни повреди. За настанот биле запознаени началник на СВР Струмица, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и јавен обвинител, по чии насоки биле преземени мерки за расчистување на случајот. По целосно документирање на случајот против Б.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во Штип, вчера во 20:45 часот полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Џ.Ф.(55) од Штип, поради тоа што околу 16.00 часот во домот физички го нападнал неговиот 50- годишен брат, а употребил и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 09.00 часот во СВР Штип, било пријавено дека во с.Пиперово, штипско, настанал пожар во куќа сопственост на Д.И.(70) и А.К.(55), двајцата од Штип. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип пожарот е изгаснат. Повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

Во Полициското одделение Македонска Каменица, вчера во 22:00 часот било пријавено дека М.М.(33) од Македонска Каменица, при извршување на работни задачи во рудник, се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Кочани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 19.42 часот во Полициската станица Пробиштип, Б.Ј.(52) од с.Злетово, пробиштипско, пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Д.Ј.(78). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Во ПС Кочани вчера било пријавено дека В.З.(24) од Кочани физички нападнал едно лице во угостителски објект во Кочани, по што го напуштил објектот и потоа со неговото возило удрил во друго возило. Потоа, В.З. дошол во полициската станица во Кочани, каде физички нападнал полициски службеници, по што е лишен од слобода. По насока на јавен обвинител, В.З. бил спроведен во КПУ Затвор Струмица, бидејќи издржува казна затвор за веќе сторено кривично „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, а бил пуштен на викенд отсуство и требало да се врати во затворот на 21.12.2024.

Денеска околу 12.20 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Отсек потраги во содејство со полициски службеници од СВР Куманово  на бул. „Трета Македонска ударна бригада“ во Куманово ги лишија од слобода Е.П. (31) од Скопје и Д.С. (41) од Кочани, кои биле барани поради бегство од затвор. Е.П. бил баран по потерница од КПУ Затвор Штип, а бил осуден на затворска казна од девет години за кривично дело по чл.418 од КЗ (криумчарење мигранти) и за доиздржување има шест години, три месеци и 12 денови. Д.С. бил баран по потерница од КПУ Затвор Струмица, а бил осуден на затворска казна од седум години за кривично дело по чл.236 ст.1 од КЗ (тешка кражба) и за доиздржување има една година. Лицата ќе бидат предадени на надлежните казнено поправни установи. аа/

Фото: МИА архива