МВР Билтен
- Во СВР Тетово вчера во 14.20 часот било пријавено дека на локалниот пат село Брвеница – село Челопек се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(28) од село Челопек, тетовско и мопед со тетовски регистарски ознаки, управуван од малолетник од село Милетино, општина Брвеница.
- Post By Лидија Велковска
- 11:32, 9 March, 2025

Скопје, 9 март 2025 (МИА) - Во СВР Охрид вчера во 13.45 часот било пријавено дека на регионалниот пат од Св.Наум кон Охрид, кај населбата „Рача“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу моторцикл „Кавасаки“ со охридски регистарски ознаки, управуван од Ј.Ц.(26) од Охрид и патничко возило „Мазда“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.Н.(76) од село Враништа, струшко. Во несреќата на лице место починал мотоциклистот Ј.Ц. констатирано од страна на ИМП. Извршен е увид од надлежен ЈО и увидна екипа од СВР Охрид, а телото на починатиот било предадено на обдукција.
Во СВР Тетово вчера во 14.20 часот било пријавено дека на локалниот пат село Брвеница – село Челопек се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(28) од село Челопек, тетовско и мопед со тетовски регистарски ознаки, управуван од малолетник од село Милетино, општина Брвеница. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетникот, кој го управувал мопедот и неговиот малолетен сопатник од село Милетино, а констатирани во Клиничка болница Тетово, по што повредените биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен бил увид од надележен ЈО и увидна екипа од СВР Тетово.
На 08.03.2025 година во 12.35 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.М.(33) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 08.03.2025 година во 20.50 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Д.М.(24) и К.Т.(24) двајцата од Скопје затоа што кај нив била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 08.03.2025 година во 20.15 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Ѓ.(24) од Струмица затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (09.03.) во 01.45 часот, на кеј „Македонија“ во Охрид, приведен е В.Б.(28) од Охрид. При извршен преглед, полициските службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, кај него пронајдоа и одзедоа опаковка со бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 08.03.2025 година во 22.10 часот на улицата „Кеј Први Мај“ во Прилеп полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода А.З.(33)од Прилеп бидејќи при преглед кај истиот била пронајдена прашкаста и растителна материја.По документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.
На 08.03.2025 година во 20.50 часот на улицата „Димо Хаџи Димов“ во Битола полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода А.Ј.(27) од Битола бидејќи при преглед кај него била пронајдена растителна материја како и метална дробилка во внатрешноста исполнета со растителна материја. По документирање на настанот против истиот ќе следува соодветна пријава.
На 08.03.2025 година во 10.20 часот во Полициската станица Кисела Вода, Л.Т.(80) од Скопје пријавил дека на улица „1512“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 08.03.2025 година во 13.20 часот во Полициската станица Гази Баба, М.Н.(39) од Скопје пријавила дека на улицата „Париска комуна“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 08.03.2025 година во 21.30 часот во Полициската станица Гази Баба, С.М.(69) од Скопје пријавила дека на булеварот „Александар Македонски“ во Скопје била касната од куче скитник.