• Monday, 06 January 2025

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 4 јануари 2025 (МИА) - Синоќа во 23:40 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на улицата „Бранко Станоевиќ“ во Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Л.А. (24) од Тетово и патничко возило „Хјундаи“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Ј.С.(51) од село Стар Балин Дол, гостиварско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.Л.од патничкото возило „мерцедес“, додека пак со телесни повреди се здобиле возачот на „Мерцедесот“ и неговиот втор сопатник - А.З. Повредите се констатирани во Ургентен центар во Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

Во 20:55 часот синоќа во СВР Скопје било пријавено дека околу 20:20 часот на паркинг простор лоциран на улицата „Џон Кенеди“ во Скопје, патничко возило,  управувано од непознат сторител удрило во пешак Е.А.(30) од Скопје и го напуштило местото на настанот. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Во врска со сообраќајната несреќа од 02.01. 2025 година на локалниот пат Сарај- село Рашче во која што патничко возило марка „Ауди“ управувано од Н.А. (23) излегло надвор од коловозот и паднало во коритото на реката Вардар, на 03.01.2025 во 14:48 часот во коритото на реката Вардар, непосредно каде што беше извлечено ПМВ Ауди, беше пронајдено и безживотното тело на исчезнатото лице А.А., за што е запознаен надлежен ЈО.

На 03.01.2025 година во 16:00  часот на Граничниот премин - Меѓународен Аеродром – Скопје, полициски службеници лишиле од слобода две шеснаесетгодишни лица шпански државјани, кои патувале со своите родители, а поради тоа што при ПДЗ контрола кај нив биле пронајдени и одземени пиротехнички средства. За настанот бил известен дежурен ЈО од ОЈО Скопје и обвинител за малолетни лица, и биле дадени насоки против малолетниците да се поднесе прекршочна пријава по основ на Закон за експлозивни материи, а додека со родителите да се изврши информативен разговор.

Синоќа во 23:40 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.М.(35) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во 23:45 часот во Скопје, синоќа на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Р.(29) од с.Марино, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Синоќа во 10:50 часот Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.М.(35) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска во 03:15 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Љ.(25) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 20:30 часот полициски службеници од ОВР Гостивар на улица „Браќа Блажески“ во Гостивар, го лишиле од слобода А.И. (23) од село Србиново, гостиварско. При низвршен преглед над него и неговото патничко возило „Сеат Ибица“ со гостиварски регистерски таблици, била пронајдена и одземена марихуана.  Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок. 

Во 20:20 часот вчера на улица „Петре Прличко“ на автобуска станица во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од слобода П.К.(18) од Велес, затоа што кај него била пронајдена и одземена НН зелена растителна материја. П.К. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 03.01.2025 во 21.20 часот, полициски службеници од СВР Битола  во паркот кај Стив Наумов ги лишиле од слобода М.Е.(39) и В.Р.(35) двајцата од Битола. При преглед кај В.Р. била пронајдена прашкаста материја. Лицата се приведени во полициска станица Битола и по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.Од страна на полициски службеници М.Р. бил спроведен во  КПУ Затвор Битола бидејќи истиот со судска наредба се барал за издржување на затворска казна во траење од 30 дена.

Денеска во 00:20 часот, полициски службеници од СВР Битола на улицата „Илинденска“ во Битола, го лишиле од слобода В.П.(22) од Битола, поради тоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на настанот против истиот ќе следува соодветна пријава.

Вчера во 18:30 часот во Полициската станица Кисела Вода, Т.Н.(25) од Скопје пријавил дека во населба „Усје“ во Скопје бил  каснат од куче скитник.

Синоќа во 22:00 часот во Полицискатат станица Гази Баба, С.П.(47) од Скопје пријавила дека на улицата „Лазар Поп Трајков“ во Скопје била касната од куче скитник.

Во 21:30 часот синоќа во Полициската станица Аеродром, М.П.(53) од Скопје пријавила дека на булеварот „Јане Сандански“ во Скопје била касната од куче скитник.

Вчера во 09:30 часот во Полициска станица Велес Л.Н.(35) од Чашка, пријавил дека на улицата „Петре Прличко“ во Велес, бил каснат од куче скитник.

Во 11:20 часот вчера во ПС Гостивар, К.М.(43) од село Неготино, гостиварско, пријавила дека околу 09:00 часот, додека се движела по улицата „18-ти Ноември“ била касната од куче скитник.фф/

Фото: МИА Архива