МВР Билтен
- На 18.02.2025 во 21.30 часот кај клучката за с.Тумчевиште, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода Е.Р.(20) од с.Топлица, гостиварско, Е.С.(33) од с.Добридол, гостиварско, Р.С.(34) од с.Инџиково, скопско и В.А.(26) од с.Грчец, скопско.

Скопје, 19 февруари 2025 (МИА) - На 18.02.2024 во 16.05 часот во Радовиш, полициски службеници од ОВР Радовиш го лишиле од слобода В.Т.(27) од Радовиш.
МВР денеска соопшти дека откако тој бил забележан од полициските службеници, се обидел да побегне, но набргу бил фатен и лишен од слобода. Притоа, во близина на местото биле пронајдени неколку пакувања марихуана и дигитална вага, кои биле подигнати за понатамошна постапка. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом и биле пронајдени и одземени марихуана и пиротехнички средства. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 18.02.2025 во 21.30 часот кај клучката за с.Тумчевиште, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода Е.Р.(20) од с.Топлица, гостиварско, Е.С.(33) од с.Добридол, гостиварско, Р.С.(34) од с.Инџиково, скопско и В.А.(26) од с.Грчец, скопско. Тие биле затекнати при купопродажба на дрога и при преглед кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, кокаин и пари за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава.
На 19.02.2025 во 04.00 часот во Гевгелија, полициски службеници од ОВР Гевгелија ги лишиле од слобода В.Ј.(41) и С.С.(45), двајцата од Гевгелија. При преглед кај нив, кај В.Ј. биле пронајдени и одземени прашкаста материја, таблети и предмет со остатоци од прашкаста материја. По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 18.02.2025 во 16.50 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода Б.Д.(24) од Кочани затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 18.02.2025 во 13.10 часот на автопатот Скопје-Тетово, кај влезот за Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Б.А.(25) и В.Х.(20), двајцата од Тетово. При преглед над нив и во патничкото возило „фолксваген пасат“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.А., кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 18.02.2025 во 22.45 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ј.(21) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 18.02.2025 во 11.50 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода В.М.(19) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 18.02.2025 во 11.30 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода С.О.(31) од Битола затоа што кај неа била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 18.02.2025 во 21.30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.С.(24) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 18.02.2025 во 22.30 часот во с.Чегране, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение Чегране го привеле А.С.(58) с.Чегране, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна за сторено кривично дело „фалсификување на пари“ по член 268 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Тој бил предаден во Казнено - поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.
На 18.02.2025 околу 10.35 часот во СВР Скопје, од Казнено - поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека при извршен претрес во затворениот дел од установата биле пронајдени и одземени марихуана и таблети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 18.02.2025 во 17.30 часот на Граничниот премин Стење, за влез во државата, полициски службеници го привеле Х.С.(29) од Република Србија затоа тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека не поседувал целосна документација за патничкото возило „бмв“ со германски национални ознаки, кое го управувал, а било сопственост на друго лице. При претрес во возилото биле пронајдени и одземени документи кои биле на туѓо име, а тој не поседувал оригинална сообраќајна дозвола за возилото. Тој бил предаден на Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Ресен за понатамошна постапка.
На 18.02.2025 околу 15.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Гоце Делчев“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Р.(61) од Скопје, удрило во 17-годишен пешак од с.Страчинци, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 18.02.2025 во 09.20 часот во Полициската станица Кисела Вода, Е.Б.(34) од Скопје пријавила дека во комплексот „Расадник“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 18.02.2025 во 18.15 часот во Полициската станица Кисела Вода, Р.С.(46) од Скопје пријавила дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 18.02.2025 во 16.50 часот во Полициското одделение Петровец, И.Б.(40) од с.Средно Коњари, скопско, пријавил дека во с.Средно Коњари, неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник. цр/
Фото: МИА архива