• Wednesday, 03 July 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 1 јули 2024 (МИА) - Денеска (01.07.2024) полициски службеници од ЕВР-ОКР Кисела Вода при СВР Скопје го лишија од слобода Д.Т. од Скопје поради основано сомнение дека сторил кривично дело „одземање на моторно возило".

Имено, во периодот од 19.00 часот на 27.05 до 14.00 часот на 28.05.2024 во Скопје, Д.Т. одзел патничко моторно возило „опел вектра“, сопственост на Љ.Л. од Скопје. По преземени мерки од страна на полициските службеници, Д.Т. е лишен од слобода, а возилото пронајдено и вратено на сопственикот. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

На 30.06.2024/01.07.2024 од 23.50 до 01.00 часот во Скопје, на подрачјето на Шуто Оризари полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје и полициски службеници од Полициското одделение Шуто Оризари ги лишиле од слобода Е.Б.(38), Д.Б.(21) и една малолетничка, сите од Скопје.

Тие претходно биле пријавени дека околу 23.30 часот заедно со  неколку други членови од нивното семејство насилно влегле во дворот од домот на С.А.(46) од Скопје и физички го нападнале него и членови на неговото семејство, при што употребиле тврди и стаклени предмети, а го оштетиле и неговото патничко возило и прозорци од куќата. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против Н.Б.(33) од Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.

На 26.12.2023, при извршен претрес во домот на пријавениот, биле пронајдени и одземени марихуана, прашкаста материја, дигитална вага, тетрахидрокарабинол и кокаин. На 26.01.2024, пак, во близина на домот на пријавениот, бил извршен преглед над Р.А. од Радовиш, кај кого била пронајдена и одземена марихуана која ја набавувал од пријавениот.

На 29.06.2024 во 16.00 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар го лишиле од слобода В.В.(35) од Скопје, поради тоа што околу 11.00 часот во семејниот дом физички ја нападнал својата 34-годишна вонбрачна партнерка.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 30.06.2024 во 21.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Гази Баба, при преземање на службени дејства во врска со пријава за сторено кривично дело тешка кражба во обид во деловен субјект на подрачјето на Гази Баба, полициски службеник бил физички нападнат од Г.Е.(25) од Скопје.

Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.    

На 30.06.2024 во 20.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.Ф.(43) и А.А.(53), двајцата од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 30.06.2024 во 18.40 часот во СВР Скопје, В.С.(52) од Скопје пријавила дека од домот на подрачје на општина Аеродром во Скопје се оддалечил нејзиниот син М.С.(25) од Скопје, кој имал здравствени проблеми.

Според пријавеното, тој и претходно се оддалечувал и бил враќан дома. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 30.06.2024 во 21.00 часот во СВР Штип, Д.С.(33) од с.Карбинци, општина Карбинци, пријавил дека околу 20.45 часот во двор од семејна куќа во с.Карбинци неговиот татко К.С.(60) и неговата мајка М.С.(57) биле физички нападнати од Д.М. и С.М..

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Битола поднесе кривична пријава против И.М.(23) и Џ.М.(23), двајцата од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.

Полициски службеници од СВР Битола извршиле претрес во домот на пријавените, при што била пронајдена и одземена марихуана.

Денеска (01.07.2024) во 03.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Гази Баба од страна на две лица бил предизвикан пожар на надворешниот дел од спортска обложувалница.

Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 30.06.2024 во 10.20 часот во Полициската станица Кисела Вода бил извршен службен разговор со Д.З.(50) од Скопје, по претходна пријава дека на 29.06.2024 околу 20.00 часот во домот на подрачјето на Центар ѝ упатувал закани на неговата сопруга Б.З.(47) од Скопје.

Претходно, во 15.20 часот бил извршен службен разговор со Б.З., по претходна пријава дека на 26.06.2024 околу 18.30 часот во домот физички го нападнала нејзиниот сопруг Д.З. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 30.06.2024 од 11.00 до 16.00 часот на подрачјето на СВР Охрид при реализирани  сообраќајни контроли, полициските службеници затекнале и санкционирале 36 возачи на моторни возила, кои во и надвор од населени места ја пречекориле дозволената брзина на движење (Охрид-10, Струга-08, Кичево-18).

На 30.06.2024 во 12.00 часот во Полициската станица Кочани, Џ.А.(40) од Кочани пријавил дека на 27.06.2024 околу 22.20 часот во Кочани, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице, кое употребило тврд предмет.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 30.06.2024 во 19.00 часот во Кочани, постапувајќи по претходна пријава, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани извршиле службен разговор со О.Х.(37) од Кочани, поради основано сомнение дека извршил обљуба врз малолетничка од Кочани.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. сст/

фото МИА архива