Лишени од слобода жители на Неготино и Марена, едниот возел иако имал забрана, а другиот под дејство на алкохол
- Полицијата лишила од слобода жители на Неготино и Марена, доцна синоќа едниот возел иако имал забрана, а другиот под дејство на алкохол, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
Кавадарци, 8 февруари 2026 (МИА) - Полицијата лишила од слобода жители на Неготино и Марена, доцна синоќа едниот возел иако имал забрана, а другиот под дејство на алкохол, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
- Синоќа во 22:15 часот на улица „Партизанска“ во Неготино, полициски службеници од ОВР - Неготино го лишија од слобода С.Ј.(25) од овој град. При контрола во сообраќајот, било сопрено патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.Ј., при што било констатирано дека возилото го управувал со активна забрана за управување со моторно возило од Б категорија. По насоки на јавен обвинител, тој бил приведен во полициска станица, а возилото било одземено, соопштија од СВР - Велес.
Како што информираа оттаму, синоќа во 23:50 часот, на улица „Илинденска“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР - Кавадарци го лишиле од слобода С.К.(42) од село Марена, кавадаречко. При контрола во сообраќајот, било сопрено патничко возило „хјундаи“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од С.К., при што било констатирано дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,80 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител.
Од СВР - Велес додадоа дека по целосно документирање на случаите, ќе биле поднесени соодветни пријави. свд/дма/
Фото: МИА архива