Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари
- -Во текот на 2024 и 2025 година, првопријавениот склучил купопродажни договори за огревно дрво со Јавното претпријатие „Национални шуми“, подружница Лопушник - Кичево, а потоа на 27.08.2025, врз на основа на договорите, четвртопријавениот Г.П. изготвил испратница во која внел невистинити содржини, а третопријавениот Б.Б. ја искористил како доказ во правниот сообраќај и ги превезувал дрвата со товарно возило „ман“ без да поседува лиценца за вршење јавен превоз. Покрај ова, пријавеното правно лице извршило кражба на дополнителни 852,5 кубни метри огревни дрва, со што е нанесена материјална штета на буџетот на ЈП „Национални шуми“ во висина од околу 3.191.760 денари, информира МВР.
You need to login to view this page en