Сиљановска-Давкова: Барањата на соседите отстапуваат од Копенхагенските критериуми и не се во духот на конститутивните акти на ЕУ
- Осврнувајќи се на компаративните историски искуства на проширувањето на Европската Унија, Сиљановска-Давкова укажа на примерите на вклучување во членство на кандидатки кои не исполнувале некои од критериумите за членство во ЕУ, како доказ за двојни стандарди и нарушен кредибилитет. За неа, Западниот Балкан не е товар за апсорпцискиот капацитет на ЕУ и неговиот прием ќе означи крај на вештачката поделба на Запад и Исток, ќе стави крај на балканизацијата и ќе обезбеди поголема безбедност на ЕУ, но и на Европа. Претседателката очекува ЕУ итно да го преиспита својот однос и политика кон Западниот Балкан, со оглед на, како што рече, растечките безбедносни закани и дилеми во воен и несигурен меѓународен амбиент, нарушена, драматичната промена на меѓународниот поредок, минимизиран мултилатерализам и сериозната криза на лидерство.
You need to login to view this page en