• Tuesday, 14 January 2025

Крива Паланка интензивно се подготвува за Богојавление и "Пивтијада 2025"

Крива Паланка интензивно се подготвува за Богојавление и

Крива Паланка, 13 јануари 2025 (МИА) - Општина Крива Паланка ги интензивира подготовките за одбележување на големиот христијански празник Богојавление - Водици, во недела, 19 јануари 2025, кога ќе се одржи масовна прослава на градскиот плоштад.

Прославата традиционално ќе се реализира во духот на христијанската религија, почнувајќи со Света богојавленска литургија во соборниот храм св. Великомаченик Димитриј, што ќе започне во 8 часот, а еден час подоцна свештенослужителите од кривопаланечкото архиерејско намесништво ќе ги осветат водите на Крива Река, кај големиот, т.н. Шанин мост, од кадешто светиот крст ќе биде положен во водите на реката.

-Одбележувањето на годинашниот верски празник ќе продолжи на централниот градски плоштад, кадешто за сите граѓани општината ќе организира богата, празнична, богојавленска трпеза во рамки на манифестацијата „Пивтијада 2025“. За сите присутни ќе се поделат вусни пивтии приготвени од искусните кулинарски мајстори, топли пијалаци и храна, а и оваа манифестација ќе биде препознатлива по хуманата мисија наменета за средношколците, матурантите од градот во социјален ризик. На плоштадот ќе биде организирана и богата културно-уметничка програма за која се задолжени: Андријана Алачки и Гоце Димовски од „Синтезис“, информира службата за комуникација со јавност во Општина Крива Паланка.

Од општината ги повикуваат сите граѓани да бидат дел од заедничката прослава на еден од најголемите христијански празници, ден кога, велат - задништвото ќе биде повторно заштитен знак за општината што во изминатата година реализира над 160 настани од областа на културата со манифестацијата "Крива Паланка - Град на културата". ид/сст/

Фото Општина Крива Паланка 

You May Also Like