• Tuesday, 03 February 2026

„Кина низ културата: Прекрасниот Сичуан“, уметничка вечер во Битола

„Кина низ културата: Прекрасниот Сичуан“, уметничка вечер во Битола

Битола, 3 февруари 2026 (МИА) - Уметници од  Сичуанската и Пекингшката опера вечер во Битола ќе презентираат народна музика, танц, боречки вештини, акробатика, легендарната уметност на менување лица и други уметности.

Пред битолската публика ќе настапат Сичуанскиот оперски ансамбл, Универзитет за уметности од Ченгду и специјални гости од Театар „Џингџу“ – Пекинг.

Уметничката вечер е дел од европската турнеја „Кина низ културата: Прекрасниот Сичуан“ и симбол на културното пријателство меѓу Кина и Македонија. Претставата е визуелна гозба што ги спојува традиционалната и модерната кинеска уметност. Претставата комбинира врвна техника, сценска естетика и современа креативност, создавајќи искуство што ги плени очите, слухот и емоциите, информираа организаторите пред вечерашниот културен настан во Битола.мт/са/

Фото: НТБ